По слабото прво полувреме, српскиот интернационалец Станиќ експлодираше во второто во кое собра 13 интервенции. Одбраната и голманот Станиќ во вториот дел примија само четири погодоци и 21 минута играа без да биде затресена нивната мрежа.
Наспроти одбраната на Металург нападот беше мошне расположен за игра, затоа Вугринец со шест голови беше втор стрелец зад Козлина со 7, но поради високата реализација и многуте асистенции си го резервираше местото во идеалната екипа во ЛШ.
Друштво во идеалната екипа на ракометарте на Металург им прават Дибиров (Чеховски медведи), Рутенка (Барселона), Јиха (Кил), Маргуц (Целје) и Теј (Монпелје).