Македонскиот првак Вардар несреќно (2-1) загуби во првиот натпревар од двомечот со хрватскиот Динамо Загреб во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ одлично со неколку идеални прилики за погодок го отворија мечот. Казната за неефикасноста „вардарци“ ги стигна во 21-та минута кога дефанзивецот Мијушковиќ сам си ја затреси мрежата.
Хрватските фудбалери девет минути подоцна го дуплираа водството искористувајќи го хаосот кој настана во тимот на Вардар по првиот погодок.
Во вториот дел македонскиот првак се консолидираше и заигра како што сите на „Филип Втори“ посакуваа. Шансите пред голот на „модрите“ се редеа.
Во 54-та минута Хофман Хамбурџурмијан го намали резултатот и донесе надеж за поволен резултат за скопските црвено-црни.
Вардарци полека го стегаа обрачот пред голот на гостите кои благодарание на среќата не примија втор погодок кој ќе ги изедначеше бројките на семафорот.
Џон Обрегон ја погоди стативата по еден соло продор, а во финишот од мечот гредата беше сојузник на голманот Језина по ударот на Спировски.
Динамо Загреб со триумфот во Скопје обезбеди солидна предност во пресрет на реваншот на „Максимир“ следната недела.
Мх.П.