Симпатизерите на Манчестер Јунајтед не му приредија топло добре дојде на Анхел ди Марија на Олд Трафорд. Аргентинскиот фудбалер кој една сезона го носеше дресот на „ѓаволите“ на непријателскиот пречек возврати со две аситенции и беше творец на победата (2-0) на својата екипа.

После водечкиот погодок кој го постигна Кимпембе во 53-та минута Ди Мариј се сврте кон навивачите на домашниот клуб и со најпогрдни зборови им се обрати.

Симпатизерите не му простија и десеттина минути подоцна го гаѓаа со тврди предмети и парички. Единствено овие две случки беа под нивото за еден меч од Лигата на Шампиони.

OhridNews

ЛШ: ПСЖ ги улови „ѓаволите“ на Олд Трафорд (видео)