Фантастичниот перформанс на Арпад Штербик на голот од Вардар на дуелот со Барселона му донесе сигурно место во дрим тимот на колото во 4-та рунда од Лигата на Шампиони.
Штербик со своите одбрани беше клучна фигура во триумфот со кој „црвено црните“ го „скршија“ баукот наречен Барселона на домашен терен.
Место помеѓу најдобрите ракометари во 4-та рунда обезбеди и македонскиот репрезентативец Немања Прибак кој реализираше 12 голови за тимот на Бешикташ.
Во женска конкуренција „вардарки“ имаа еден свој преставник и тоа голманката Ина Суслина која се најде во изборот на најдобри одбрани.
Најдобрите потези од машка и женска конкуренција во ЛШ можете да ги погледнете на следниот линк, тука.
Тимот на колото:
Лево крило: Бастер Жул Ласен (Алборг)
Лев бек: Менса Ларсен (Рајн Некар)
Среден бек: Немања Прибак (Бешикташ)
Десен бек: Алекс Душебајев (Киелце)
Десно крило: Михаел Дашек (Висла)
Пикер: Никола Турнат (Нант)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
OhridNews