Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов и македонскиот чувар на мрежата во Порто Николче Митревски ги одбележаа синоќешните натпревари во Лигата на Шампиони. Стоилов со осум погодоци го преводеше Вардар до триумф против Фленсбург, додека Митревски со неколку фантастични интервенции го зачува голот на Порто и донесе победа против Пик Сегед. Еден од осумте голови на Стоилов беше неверојатен, бидејќи го постигна во пад со удар од зад грб или популарна „шрауба“, а Митревски со „кунг фу“ одбрана го расипа двојниот цепелин на унгарците.

Погодокот на Стоилов.

 

Одбраната на Митревски.

 

OhridNews