Германскиот бундеслигаш Флензбург има предност од 15-10 по првиот дел против Вардар во реванш натпреварот од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
Македонскиот првак историскиот натпревар го започна во грч особено во нападот постигнувајќи само десет погодоци во првите триесет минути.
За пласман во завршницата од ЛШ на Вардар ќе му треба далеку поквалитетно полувреме во обата правци.
Мх.П.