Динамо Загреб и Фенербахче се најзвучните имиња кои беа елиминирани во третото коло од квалификациите за Лигата на Шампиони. Динамо на Максимир беше елиминиран на пенали со 6-5, откако мечот во регуларниот дел заврши 1-1. Фенербахче беше минимално поразен со 1-0 од швајцарскиот Јанг Бојс. Омониија тимот кој го елиминираше македонскиот првак Ренова, не помина понатаму по двомечот со Салцбург.


Во реванш дуелите од 3. коло беа постигнати следните резултати:
Хелсинки – Партизан 1-2,
Зенит – Униреа 1-0,
Копенхаген – Бате Борисов 3-2,
Жилина – Литекс 3-1,
Базел – Дебрецен 3-1,
Лех – Спарта Прага 0-1,
Фенербахче – Јанг бојс 0-1,
Салцбург – Омонија 4-1,
Гент – Динамо Киев 1-3,
Динамо Загреб – Шериф 1-1, 5-6 на пенали,
Розенборг – АИК Стокхолм 3-0,
ПАОК – Ајакс 3-3,
Селтик – Брага 2-1,
Хапоел Тел Авив – Актобе 3-1,
Андерлехт – ТНС 3-0.

По овие дуели, во плејоф колото за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите кај гигантите-нешампиони за пет места ќе се борат Оксер, Вердер, Сампдорија, Севиља, Тотенхем, Јанг бојс, Динамо Киев, Зенит, Ајакс и Брага, додека во шампионската група за другите пет места битка ќе водат Хапоел Тел Авив, Андерлехт, Партизан, Розенборг, Копенхаген, Жилина, Базел, Спарта Прага, Шериф и Салцбург.

Ждерпката за двојките во последното квалифиакциско коло е во петок на пладне, а поразените од овие дуели утешно ќе добијат шанса да играат во групите од Европската лига.

Ohridnews