Холандскиот гигант Ајакс обезбеди европска пролет во Лигата на Шампиони победувајќи среде Атина (2-0) против АЕК, додека ЦСКА Москва прокоцка водство и изгуби на домашен терен од Викторија Плзен (2-2) во водедните мечеви од петтата рунда.
Творец на триумфот на холанѓаните во дуелот во Атина беше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ. Офанзивецот во четири минути им пресуди на грците. За 1-0 погоди од пенал во 68-та минута, додека во 72-та минута го дуплираше водството за конечна победа.
Фудбалерите на ЦСКА си ја загрозија судбината во европските натпреварувања, откако изгубија во Москва од Викторија Плзен. Натпреварот одлично започна за домаќините, кои, уште во 10-та минута го отворија резултатот. Гостите пред крајот на првиот дел не реализираа удар од белата точка, но тоа беше најава за пресвртот во второто полувреме. Во 56-та минута составот на Викторија Плзен го изедначи резултатот, а во 81-та го комплетираше пресврт за триумф и враќање на шансите за пласман на третата позиција која носи во Лигата на Европа.
Возбудувањата во ЛШ продолжуваат со мечевите од 21 часот, а петтата рунда ќе се комплетира утре (среда) со мечевите од А, Б, Ц и Д групата.
OhridNews