Динамо Загреб извојува минимална победа на реванш натпреварот со првакот на Македонија Шкупи 0:1 и избори пласман во третото коло од квалификациите за пласман во фудбалската Лига на шампиони.

Стрелец на единствениот гол на мечот што се одигра вечерва во Скопје беше репрезентативецот на Македонија во дресот на „модрите“, Аријан Адеми. Тој постигна гол и на првиот натпревар во Загреб (2:2) и имаше асистенција.

Шкупи по поразот европските мечеви ги продолжува во квалификациите за Лига Европа, додека Динамо во третото коло од квалификациите за Лигата на шампиони ќе се сретне со Лудогорец од Бугарија.

OhridNews