Македонскиот првак Шкендија, денеска, во 20 часот, во Словенија против составот на Мура ќе го одигра реваншот натпреварот, во првата рунда од квалификациите за пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони.
Тетовските „црвено црни“, на реваншот немаат право на грешка, а ниту избор, бидејќи во првиот натпревар на домашен терен претрпеа минимален пораз 1-0. На Шкендија и е потребна победа од еден погодок разлика или триумф со два голови за сигурен пласман понатаму.
Веруваме во пласман во следната фаза. Немавме среќа во првиот натпревар каде што промашивме многу шанси. Противникот е квалитетен ривал и посилен на физички план, но и ние имаме свои адути, кои верувам дека ќе ги искористиме на дуелот, – изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
Натпреварот ќе се игра со публика на трибините. Според, официјалните бројки, словенскиот шампион ќе има поддршка од 4 000 гледачи.
OhridNews