Се е отворено во А групата, каде вицишампионот Челзи има тежок испит на гостувањето во Франција кај Бордо, романскиот Клуж ја пречекува Волчицата која излезе од резултатска криза. Клуж единствета победа ја оствари на Олимпико солвадувајќи ја Рома со 2-1.
Табела:
Челзи 7 бода, Рома 6, Бордо 6, Клуж 4
Осоколени по победата во дербито на Италија над Јувентус, нероазурите на Мурињо со победа против Панатенаикос ќе ги разрешат сите дилеми за пласман во 1/8 финалето. Во битката за второто место во Б групата Вердер му гостува на Анортозис.
Табела:
Интер 8, Анортозис 5, Панатенаикос 4,Вердер 3
Во Ц групата директнатата пресметка помеѓу Шахјтор-Базел ќе го даде патникот во Купот на Уефа, екипите кои обезбедија пласаман ќе водат битка за првото место во Ц групата.
Табела:
Барселона 10, Спортинг 9, Шахтјор 3,Базел 1
Фаворитите во групата Д Ливерпул и Атлетико на домашен терен ги пречекуваат Марсеј односно ПСВ. Поради сузпензијата на Атлетико, натпреварот на Винсенте Калдерон ќе се игра пред празни трибини.
Табела:
Ливерпул 8, Атлетико М. 8, Марсеј 3,ПСВ 3.