Спортската арена „Борис Трајковски“ во неполни 24 часа ќе биде домаќин на два натпревари од ракометната Лига на Шампиони.
Металург и Вардар ги одредија датумите и сатниците за одигрување на првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампони против Колдинг односно Хамбург кои ќе ги одиграат како домаќини.
Честа да го отвори „шампионски викенд“ во Борис Трајковски ќе ја има Вардар, кој на 22 март в сабота во 18 часот ќе го пречека Европскиот првак додека Металург со данците ќе се сретне в недела на 23 март во 16:45 часот.
Покрај овие натпревари се играат уште шест за кои се одредени сатниците и датумите : 20.03 Мотор З. – Кил (20:45 часот), 23.03 Алборг – Барселона (15:00ч), 22.03. Горење Велење – ПСЖ (20:30ч), 22.03. Киелце – Р.Н.Ловен, 23.03.2014 Цеље П.Л. – Фленсбург (19:15ч).
Мх.П.