Ракометарите на Вардар кои се актуелни прваци во Лигата на Шампиони имаа старт со победа во новата сезона во елитното клупско натпреварување. „Црвено црните“, во првата рунда од групната фаза со 33-31 (16-17) го совладаа Монпеље на гостински терен во Франција.

Првото полувреме од дуелот на последните три освојувачи на титулата во ЛШ помина во резултатска клачкалка. Прв со два голови разлика поведе домашниот состав, на средината од полувремето Вардар го презеде водстовот а на крајот заврши во корист на Монпеље (17-16).

Во вториот дел се играше тесно, но водството константо беше на страната од домаќините. Вардар, дури во финишот успеа да поведе и преземе контролата на мечот. Брзата игра и конфузијата на теренот ја искористи да го преточи водството во триумф.

Најпрецизен во тимот на Вардар беше Стаж Скубе со седум погодоци, а крилата Дибиров и Шишкарев искомбинираа 11 погодоци. Во составот на Монпељ најефикасен заврши Валентин Порт со 7 погодоци.

Вардар во втората рунда во Скопје ќе го пречека португалски Порто.

OhridNews