Со пресметките од петтата рунда, натпреварите во фазата по групи во Лигата на Шампиони влегуваат во финалната завршница. Поголем дел од екипите се уште имаат или се борат за првите две позиции, а императивот е голем и за третото место, кое води во Лигата на Европа, на пролет.

Вечерва, на програмата се мечевите од А, Б, Ц и Д групата. Најинтересна е пресметката во Мадрид, помеѓу Атлетико и актуелниот првак Баерн Минхен. На „јорганџиите“ им е потребна победа, додека „баварците“ иако најавија комбиниран состав, сепак, знаат и умеат да одиграат без калкулации.

Најголема внимание од четирите групи привлекуваат средбите од Ц групата, каде Ливерпул во финалните две битки влегуваат со два бодови од Аталанта и Ајакс. Можеби не сите, но многу работи ќе станат јасни после вечерашните пресметки. Ајакс гостува на Енфилд, додека Аталанта го пречекува Митјиланд.

Мечевите од денешната програмата ќе ги најават дуелите Локомотив Москва – Салзбург односно Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид, кои ќе започнат во 18:55 часот.

  • Двојки:

Група А: Локомотив Москва – Салзбург (18:55), Атлетико Мадрид – Баерн Минхен (21ч)

Табела: Баерн Минхен 13, Атлетико Мадрид 5, Локомотив Москва 3, Салзбург 1

 

Група Б: Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид (18:55ч), Борусија Менхенгладбах – Интер (21ч)

Табела: Борусија Менхенгладбах 8, Реал Мадрид 7, Шахтјор Доњецк 4, Интер 2

 

Група Ц: Порто – Манчестер Сити (21ч), Олимпик Марсеј – Олимпијакос (21ч)

Табела: Манчестер Сити 12, Порто 9, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 0

 

Група Д: Аталанта – Митјиланд (21ч), Ливерпул – Ајакс (21ч)

Табела: Ливерпул 9, Ајакс 7, Аталанта 7, Митјиланд 0

OhridNews