Лајпциг и Аталанта ќе продолжат да го носат епитетот најпријатни изненадувања во Лигата на Шампиони, откако успеаја да обезбедат пласман во ТОП 8. Во осминафиналните пресметки, Лајпциг подобар беше од Тотенхем со вкупен резултат (4-0) додека Аталанта со неверојатни (8-4) ја елиминираше Валенсија.

Германскиот бундеслигаш со убедлив триумф (3-0) пред своите гледачи ја капитализираше минималната победа во Лондон (1-0) и се чекираше во 1/4 финалето. Лајпциг не остави ништо на случајност и со два погодоци во воведните 20 минути го отпиша Тотенхем. Тој резултат активен беше до финишот на мечот. Емил Форсберг во 87-та минута во првиот контакт со топката откако влезе во игра ги постави конечните 3-0.

Натпреварот на Местаља помеѓу Валенсија – Аталанта кој заврши во корист на гостите (3-4) го одбележа Јосип Иличиќ. Словенцот ги постигна четири голови во неверојатниот триумф на италијанскиот калчолигаш. Иличиќ го почна и го заврши гол лудило во Валенсија и стана најстариот фудбалер кој постигнал три или повеќе погодоци на гостински терен.

Осминафиналните натпревари продолжуваат среда (утре) со дуелите Ливерпул – Атлетико Мадрид (0-1) односно ПСЖ – Борусија Дортмунд (1-2).

Резултати:

Лајпциг – Тотенхем 3-0 (1-0)

Валенсија – Аталанта 3-4 (1-4)

OhridNews