Најквалитетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони ќе добие нов победник, откако бранителот на трофејот Реал Мадрид мечевите ги заврши во 1/8 финалето. Неприминлива пречка за „кралевите“ беше Ајакс, кој со вкупен резултат (5-3) се чекираше во ТОП 8.
Реваншот на Сантијаго Бернабеу требаше да биде рутинска задача за Реал Мадрид, но гостинските фудбалери го приредија во пекол и сензационална победа за елиминација. Холанѓаните негативата (2-1) од првиот меч ја надополнија после 20 минути игра во Мадрид со головите на Хаким Зајс и Давид Нерес. Мисијата на „кралевите“ невозможна ја направи Душан Тадиќ кој погоди за 3-0 во 62-та минута. Трошка надеж врати Марко Асенсио со голот за 1-3 во 70-та минута, но Ласе Шене ги реши сите дилеми две минути подоцна со погодокот за 1-4.
Ајакс со високиот триумф приреди вистинско изненадување и стави точка на доминацијата на Реал Мадрид кој ги освојуваше титулите трите претходни сезони.
Друштво на холандскиот гигант во ТОП 8 ќе му прави Тотенхем. Англискиот премиерлигаш со 1-0 славеше против Борусија Дортмунд во Германија и со вкупни 4-0 обезбеди пласман во 1/4 финалето.
Мечевите од 1/8 финалето продолжуваат среда (утре) со дуелите помеѓу Пари Сент Жермен – Мен Ју (2-0) односно Порто – Рома (1-2).
OhridNews