Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и италијанскиот калчолигаш Аталанта се екипите кои обезбедија пласман во нокаут фазата од групата Ц во Лигата на Шампиони. Манчестер Сити и пред последната рунда имаше заверено билет, но Аталанта на сензионален начин каков што моеже само фудбалот да понуди се пласираше во елиминациската фаза.

Во пресрет на шестата рунда, Аталанта беше последна и со најмали шанси за пласман понатаму. Манчестер Сити на гостувањето кај Динамо во Загреб не си поигра со реномето и славеше со 4-1, а Аталанта победи на гостувањето кај Шахјтор со убедливи 3-0 и се искачи на втората позиција, веднаш до Манчестер Сити.

Најголем губитник во последната рунда излезе Динамо Загреб, кој заврши четврто пласиран, а Шахјтор утеха за елиминацијата во ЛШ ќе побара во Лигата на Европа.

OhridNews