Германскиот бундеслигаш Лајпциг му се придружи на Пари Сент Жермен во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, откако со 2-1 го совлада и елиминираше шпанскито гигант, Алетико Мадрид.

„Јорганџиите“, кои беа благи фавори потфлрија, а, германците ја приредија најголемата сензација до сега со победата и пласманот во топ 4.

Погодоците и големите возбудувања се одвиваа во второто полувреме. Во првиот дел мрежите мируваа, а, двете екипи тактички се надигруваа. Резултатот во 51-та минута го отвори Лајпциг кој поведе со голот на Даниел Олмо. Атлетико Мадрид, нападна и во 71-та минута изедначи на 1-1. Жоао Феликс погоди од белата точка. Одлучувачкиот погодок за 1/2 финалето падна во 88-та минута. Тајлер Адамс во 88-та минута донесе водство 2-1, кое на крајот се покажа доволно за победа.

Третиот патник во 1/2 финалето на завршниот турнир во ЛШ ќе го даде вечерашната епска пресметка помеѓу Барселона – Баерн Минхен. Двата состави имаат големи амбиции и се очекува од самиот старт на „распукаат“ и да понудат допадлив и квалитетен фудбал. Мечот се игра во 21 часот.

OhridNews