Македонскиот шампион Шкендија во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите доби два потенцијално силни конкуренти – доколку тетовци ги минат естонските шампиони Номе Калју во двомеч во кој се фаворити ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Сараево од Босна и Херцеговина и шкотскиот Селтик.

Првите мечеви во второто квалификациско коло се играат на 23 и 24 јули, додека реваншите се на 30 и 31 јули. Шкендија првиот меч би го играла на гости.

2. квалификациска рунда

Шампионска група:

Астана (Каз)/Клуж (Ром) – Макаби Тел-Авив (Изр)

БАТЕ Борисов (Блр)/Пјаст Гливице (Пол) – Линфилд (СИр)/Розенборг (Нор)

Њу Сеинтс (Вел)/прелиминарна рунда – Копенхаген (Дан)

Ференцварош (Унг)/Лудогорец (Буг) –  Дуделанж (Лук)/Валета (Мал)

Дандалк (Ирс)/Рига (Лет) – Партизани (Алб)/Карабаг (Азе)

Шериф Тираспол (Мол)/Сабуртало (Гру) – Динамо Загреб (Хрв)

Селтик (Шко)/Сараево (БиХ) – Номе Калју (Ест)/Шкендија (Мкд)

Судува (Лит)/Црвена звезда (Срб) – ХЈК Хелсинки (Фин)/Торсхавн (Фар)

Слован Братислава (Свк)/Сутјеска (ЦГо) – АПОЕЛ (Кип)

Валур (Исл)/Марибор (Сло) – Арарат (Ерм)/АИК Стокхолм (Шве)

Лигашки пат:

Викторија Плзен (Чеш) – Олимпијакос (Грц)

ПСВ Ајндховен (Хол) – Базел (Шва)

OhridNews