Екипите на Селтик и Црвена Ѕвезда со убедливи победи над Рејкјавик (6-0) односно Европа (5-0) обезбедија пласман во третата рунда од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.

„Детелините“ од Шкотска високиот триумф го најавија во шестата минута, а, до 90-та минута постигнаа уште пет голови за конечни 6-0. Црвена Ѕвезда на крилата од Бен кој постигна хет трик за 17 минути го совлада тимот на Европа. Четвртиот и петтиот погодок беа дело на Мирко Иванчиќ.

Резултати:

Карабах – Силекс 4-0

Легија Варшава – Линфилд 1-0

Динамо Брест – Астана 6-3

Селтик – Рејкјавик 6-0

Црвена Ѕвезда – Европа 5-0

OhridNews