Македонскиот интернационалец во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров
освен златниот медал во финалето од Лигата на Шампиони, ќе ја брка и
наградата за најдобар стрелец.

“Бомбардерот“ Лазаров моментално има 92 голови, шест помалку од првопласираниот Хансен. Данецот во победата на Копенхаген над Фуксе Берлин за третата позиција постигна четири погодоци и стигна до бројката до 98.

Предводникот на германскиот тим во финалето Филип Јиха има 88 голови, и ни престојат интересни 60 минути од финалето кое се игра во Келн.

Мх.П.