Челси и Манчестер Јунајтед во последните сезони во Лигата на Шампиони констатно учествуваат во завршницата. “Сините“ го бркаат шестото полуфинале во изманитиве осум сезони додека “бебињата“ петтото полуфинале во седмата сезона.
Челси по киксот во минатото коло од Премиер Лигата заостанува цели 11 бодови зад лидерот Јунајтед додека “црвените ѓаволи“ оваа година со наведнати глави го напуштија Стемфорд Бриџ откако беа поразени со 2-1. “Крвникот“ на Манчестер Јунајтед, Давид Луиз нема право за настап во Лигата на Шампиони а поради повреда ќе го нема и најдобриот стрелец кај “сините“ французинот Николас Ањелка. Фернандо Торес и Дидиер Дрогба ќе бида ударната игла на италијанецот Карло Анчелоти.
Избраниците на Сер Алекс Фергусон во 11 гостувања во Лигата на Шампиони имаат остварено девет победи. Оваа сезона во групната фаза забележаа три победи во исто толку натпревари а во 1/8 финалето ремизираа без голови со Олимпик Марсеј. Рио Фердинанд е неизвесен за вечерашниот дуел откако се врати на тренинзите.