Учеството во групната фаза во Лигата на Шампиони остана само желба за македонскиот репрезентативец Агим Ибраими и неговиот клуб Марибор доживеа елиминација од Астана со вкупен резултат (3-2).
Ибраими и екипата претрпеа пораз 3-1 во реванш натпреварот од третата квалификациска рунда и не успеаја да ја задржат минималната предност (1-0) од првиот меч.
Минатата сезона словенскиот првак беше дел од групната фаза во ЛШ и се наоѓаше во група со Челси, Шалке и Спортинг Лисабон.
Ohridnews