Австрискиот првак Салцбург забележа убедлива победа (3-0) над Шкендија во првата рунда од третата квалификациска фаза и направи голем чекор кон пласман во групите во Лигата на Шампиони.

На Шкендија на реваншот во Скопје кој на програмата е за недела дена ќе и треба вистинско чудо. На тетовчани им одговара победа од четири голови разлика или идентичен триумф како Салцзбург како во првиот меч за продолженија и евентуални удари од белата точка.

Два од трите погодоци фудбалерите на Салцбург постигнаа од белата точка. Првиот за водство 1-0 во 13-та минута, а вториот за печат на победата во 81-та минута. Измеѓу головите од пенал Салцбург погоди од игра.

Тетовските „црвено црни“ ако не успеат во обидот да го елиминираат австрискиот преставник ќе се преселат во плејофот за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.

OhridNews