Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со пет погодоци во три натпревари е водечки стрелец во Лигата на Шампиони. На мечот со “милионерите“ португалецот постигна еден погодок кој не се покажа како доволен за позитивен резултат. Мечот “кралевите“ го загубија со 2-1.


На делбата на втората позиција со три погодоци се Алан од Брага, Роберто Солдадо од Валенсија, Оскар од европскиот шампион Челси и Клас јан Хунтелар од германскиот Шалке.

Лионел Меси во досегашните мечеви во Лигата на Шампиони има постигнато два погодоци, и тоа двата во првиот натпревар на Ноу Камп во победата над Спартак Москва.

Мх.П.