Љубителите на елитниот клупски фудбал сведоци се` на уште еден неверојатен пресврт во Лигата на Шампион. Овој пат во режија на Јувентус. Италијанскиот првак на крилата од Кристијано Роналдо славеше со 3-0 против Атлетико Мадрид и со вкупни 3-2 обезбеди пласман во ТОП 8 во ЛШ.

Португалецот си остана на зборот дека фудбалерите ќе приредат сензација, а во некои најави се појави информација дека ветил и хет трик. Роналдо погоди во 27-та за 1-0, а на стартот од второто полувреме за 2-0. Во 85-та минута ударот од белата точка го реализираше за комплетен пресврт и победа вредна четвртфинале.

На Јувентус помеѓу осумте најдобри му се придружи Манчестер Сити кој со високи 7-0 го совлада Шалке на реваншот на „Етихад“ стадионот. „Граѓаните“ во двомечот со германскиот преставник постигнаа вкупно 10 погодоци, а примија два во првиот меч што покажува за колкава разлика во квалитет се работи.

Со утрешните мечеви помеѓу Баерн Минхен – Ливерпул односно Барселона – Лион ќе се комплетира осминафиналето и ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето.

OhridNews