Навивачите на Реал Мадрид може да воздивнат бидејќи Кристијано Роналдо е подготвен за настап во 1/4 финалето. “Лос Бланкос“ во Премира го забележаа првиот пораз на домашен терен од Спортинг Хихон и го загубија чекорот во “Ла Лига“ со Барселона. “Специјалнио“ Хозе Мурињо по подолго време на распологање ќе го има Гонзало Игуаин додека од конкуренција за натпреварот испаднаа Анхел Ди Мариа, Кака и Бензема.
Тотенхем со елиминацијата на Милан во 1/8 финалето покажаа дека се екипа за респект. На вечерашниот дуел со Реал Мадрид во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони менаџерот на “петлите“ Хари Реднап очекува во составот да го виде Герет Бејл. Тенок е изборот во одбраната на Тотенхем откако на листата на повредени се Вилајам Галас, Џонатан Вудгејт, Алан Хатон, Ледли Кинг.