Црногорецот Мирко Вучиниќ и` донесе можеби клучна предност на Рома пред реваншот за една недела. Рома – Манчестер 2:1. Римјаните поведоа со голот на Тадеи пред крај на првото полувреме, израмни Руни во 60 минута, а „џокерот“ Вучиниќ неколку минути по влегувањето даде убав гол за конечен резултат. Натпреварот на стадионот Олимпико донесе брза и квалитетна игра. Манчестер беше со 10 играчи од 34 минута, Пол Сколс доби втор жолт картон (фино го „намести“ Тоти). Италијанците беа подобри во поголем дел од мечот, а играч на натпреварот беше капитенот на „волчицата“ Франческо Тоти.


Вучиниќ – херој на вечерта

Вториот дуел од четвртфиналето се играше во Лондон, на Стемфорд Бриџ. Челзи – Валенсија 1:1. Шпанците постигнаа први гол, одличен шут на Давид Силва за молк на стадионот. Минута – 33. Во тек на целото прво полувреме финалистите од 2000 и 2001 година одлично ја контролираа играта. Во второто полувреме, поагресивна игра на Челзи, а во 53 минута лоб со глава на извонредниот Дидие Дрогба (негов шести гол во девет натпревари) за конечен резултат.


Давид Силва (лево) за 0:1

Реваншите се следните вторник односно среда.

С. К.