Актуелниот европски првак Вардар ги подели бодовите со полскиот ракометен гиганг Киелце ремизирајќи 28-28 (17-16) во дербито од седмата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“, можат да жалат за победата бидејќи го имаа последниот напад на натпреварот но со оглед на отсуството на Криштопанс и Толедо треба да бидат задоволни со ремито.

Почетокот од дерби средбата му припадна на Вардар, кој брзо се стекна со предност од три погодоци 6-3. Разликата подоцна достигна и 10-5. Најголемата негатива ги „отрезна“ полските ракометари и со 4-0 дојдоа до 10-9. Потоа се играше гол за гол а „црвено црните“ на одмор заминаа со еден погодок негатива (17-16).

Вардар на стартот од второто полувреме повторно стигна до плус три (22-19), но полјаците одговорија жестоко и со 6-0 комплетно го свртија резултатот. Македонскиот првак до крајот ја анулираше предноста на гостите и успеа да поведе со 28-27. Во последната минута Киелце погоди и резултатот беше изедначен 28-28. Вардар во два наврати не реализираше а на спротивната страна Гедбан спречи погодок и обезбеди егал.

Вардар ја задржа втората позиција на табелата во групата а шанса да се изедначи со нашиот клуб има Монпеље, кој има седум бодови и меч помалку.

OhridNews