Македонскиот фудбалски шампион Вардар во второквалификациско коло ги заврши натпреварите во Лигата на Шампиони.


Неприминлива пречка за „црвено црните“ беше првакот на Кипар, АПОЕЛ кој благодарание на правилото гол во гости обезбеди пласман понатаму.

Вардар ремизираше без голови 0-0 во првиот натпревар, а во реваншот на „Филип Втори“ одигра 1-1 што го чинеше елиминација.

Гостите поведоа со 1-0 на средината од вториот дел по одличната тимска акција. Вардар надежите за пласман во третата рунда во Лигата на Шампиони ги врати во финишот од мечот со изедначувачкиот погодок на Љамчевски.


По елиминацијата од АПОЕЛ најтрофејниот македонски колектив не успеа да го повтори успехот од 2003 година кога преку руска ЦСКА обезбеди пласман во третата рунда од квалификациите во ЛШ.

Ohridnews