Македонскиот фудбалски првак Шкендија успешно ја помина и втората рунда во квалификаците за пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони елиминирајќи го тимот на Шериф со вкупен резултат (1-0).

Избраниците на Ќатип Османи ремизираа без голови (0-0) на гостувањето кај Шериф и успеаја да ја задржат минималната предност (1-0) од првиот меч, одигран пред недела дена во Скопје.

Противник во третата рунда од квалификациите за пласман во ЛШ на тетовчани ќе им биде австрискиот шампион Салзбург.

Ако нашиот преставник не успее да го елиминира Салзбург, потоа ќе игра во плејофот за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа. Во случај Шкендија да помине и да доживеа елиминација во последната четврта рунда за пласман во ЛШ ќе и биде загарантирано местото во фазата по групи во ЛЕ.

OhridNews