Без победник 28-28 заврши првата осминафинална пресметка меѓу македонскиот првак Вардар и Европскиот шампион, Хамбург во Лигата на шампиони.
Во поголем дел од натпреварот „црвено црните“ имаа негатива, но лавовското срце не попушти и до финишот се изборија за реми со актуелниот првак во ЛШ.
Најзаслужен за ремито беше чуварот на мрежата, Петар Ангелов, а голема дамка на ракометниот спектакл остави не присуствувањето на „комитите“ кои сигурно ќе беа мотив повеќе за ракометарите на Вардар.
Мх.П.