Екипата на Реал Мадрид извлече бод на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах ремизирајќи 2-2, додека Атлетико Мадрид ја запиша првата победа совладувајќи го Салзбург со 3-2.

„Кралевите“ негатива од 2-0 имаа до 87-та минута. Бензема намали на 2-1, а за бод погоди Касемиро во судиското продолежние.

Атлетико Мадрид во меч со три пресврти успеа да го совлада австрискиот првак Салзбург со 3-2. „Јорганџиите“ поведоа со 1-0, а потоа губеа со 2-1. Избраниците на Диего Симеоне се изборија за нов пресврт и конечна победа 3-2.

  • Двојки:

Група А: Локомотив Москва – Баерн Минхен 1-2, Атлетико Мадрид – Салзбург 3-2

Табела: Баерн Минхен 6, Атлетико Мадрид 3, Локомотив Москва 1, Салзбург 1

 

Група Б: Шахтјор Доњецк – Интер 0-0, Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 2-2

Табела: Шахјтор Доњецк 4, Борусија Менхенгладбах 2, Интер 2, Реал Мадрид 1

 

Група Ц: Порто – Олимпијакос 2-0, Олимпик Марсеј – Манчестер Сити 0-3

Табела: Манчестер Сити 6, Олимпијакос 3, Порто 3, Олимпик Марсеј 0

 

Група Д: Аталанта – Ајакс 2-2, Ливерпул – Митјиланд 2-0

Табела: Ливерпул 6, Аталанта 4, Ајакс 1, Митјиланд 0

OhridNews