Вечерва, со реванш натпреварите од 1/8 финалето продолжуваат возбудувањата во најелитното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.
Се што треба да направат фаворитите за титулата во ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Сити во реваншот е да ја задржа предноста, стектната во првиот натпревар од осминафиналето. „Кралевите“ на гостувањето во Италија кај Аталанта славеа со минимални 1-0 додека „граѓаните“ со 2-0 ја совладаа Борусија Менхенгладбах.
Реал Мадрид во поход кон билетот за четвртфиналето ќе биде без Еден Азард, кој пак, по деветти пат се повреди, а ќе недостасуваат уште Касемиро и Дани Кархавал. Кај „божицата“ поради повреда ќе ги нема Фреулер, Шутало, Коваленко и Хатербоер.
Манчестер Сити нема ниту еден повреден фудбалер, што значи со цел арсенал ќе му спротистави на германскиот бундеслигаш. Во тимот на Борусија Менхенгладбах ќе фалат Мусел и Валиалба.
Мечевите се играат во 21 часот.
- Двојки:
Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах (2-0)
Реал Мадрид – Аталанта (1-0)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews