Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Манчестер Сити им се придружија на Челси и Пари Сент Жермен во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. „Кралевите“ во 1/4 финалето успешно ја поминаа пречката наречена Ливерпул со вкупен резултат (3-1), додека „граѓаните“ го прескокнаа бундеслигашот Борусија Дортмунд со вкупни 4-2.
Реал Мадрид во тактички генијален натпревар на „Енфилд“ ремизираа 0-0 и ја задржаа предноста од 3-1, стекната во првата средба, одиграна во Мадрид. Ливерпул на почетокот притисна, но како што одминуваше времето, така гостите беа се подобри.
Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити, со пресврт ја совлада Борусија и со нов идентичен триумф од 2-1, како во првиот натпревар го завери пласманот во топ 4. За „милионерите“ прецизно стрелаше Белингам во првиот дел. Во вториот дел, избраниците на Пеп Гвардиола, прво изедначија преку Ријад Марез од пенал, а Фил Фоден го комплетираше пресвртот.
Во полуфиналето силите ќе ги одмерат Реал Мадрид – Челси односно Манчестер Сити – Пари Сент Жермен.
- Резултати:
Борусија Дортмунд – Манчестер Сити 1-2 (1-2)
Ливерпул – Реал Мадрид 0-0 (1-3)
Во заградите се резултатите од првите мечеви.
OhridNews