Португалскиот ас Кристијано Роналдо заздрави од повредата и се очекува да конкурира за составот што ќе истрча на Сантијаго Бернабе. Во одлична форма е напаѓачот на “лос бланкос“ Карим Бензема кој полека влезе во препознатливиот ритам додека ги бранеше боите на Лион.
“Лавовите“ од Франција ќе се потпрат на традицијата. На минатогодишниот двомеч Лион го елиминираше Реал Мадрид во 1/8 финалето. Херој на “лавовите“ беше Миралем Пjањич кој го постигна погодокот за пласман во 1/4 финалето.