Со фантастичната игра во вториот дел “џало росите“ се на чекор до нок аут фазата. Рома пред преполниот Олимпико со пресврт го “сруши“ вицепрвакот Баерн Минхен. “Баварците“ со двата погодоци на Марио Гомес имаа солидна предност по првите 45 минути. Но со тоа не се помирија фудбалерите на Рома, прв мрежата ја начна Бориело, следуваше Де Роси а “шлагот на тортата“ му припадна на Франческо Тоти од пенал.


Победата над вицепрвакот покажува дека сме друга екипа од воведот на сезоната. Вистина требаше да имаме позитивен резултат по првиот дел но све наплативме во вторите 45 минути. Во последните неколку натпревари ги наплатуваме сите грешки кои ги направивме во почетокот на сезоната – вели италијанецот Клаудио Раниери.

Мх.П.