Во пресрет на последната рунда од групната во Лигата на Шампиони втората позиција на македонскиот ракометен првак Металург му беше загарантираната избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар приредија спектакл во преполната сала “Борис Трајковски“. Металурзите на најдобар можен начин го потврдија второто место во
групата откако со 32-18 (18-14) го прегазија данскиот преставник
Силкерборг.

За шоуто во “Борис Трајковски“ се погрижија ракометарите на Металург предводени од голманот Станиќ, кој имаше 15 успешни интервенции од кои 13 во вториот дел.

Словенскиот тандем Козлина (7 голови) – Вугринец (6) немилосрдно ја полнеа на мрежата на Силкерборг додека секогаш тука беше и Мојсоски, кој застана на шест погодоци.

Ждрепката за нокаут фазата во Лигата на Шампиони е в понеделник, а можни противници на Металург се Атлетико Мадрид, Чеховски Медведи и Динамо Минск.

Првиот натпревар се игра на 15/16 март додека повратните мечеви на 26/27 март.

Мх.П.