Македонскиот ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да го игра натпреварот со Пари Сент Жермен во Лигата на Шампионите.
Првичните информации се дека има двајца позитивни случаи во таборот на „црвено црните“. Едниот е ракометар, додека другиот е логистика во клубот.
По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин. – стои во соопштениет од Вардар.
За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед.
OhridNews