Ракометарите на Загреб приредија голема сензација во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони елиминирајќи го лидерот во Бундес лигата, Рајн Некар Ловен со вкупен резултат (54-53).
На хрватите пред реваншот мечот во Манхајм им се даваше мала шанса за пласман во ТОП 8, но тие одново покажаа дека имаат квалитет и карактер за големи работи.
Пулените на Веселин Вујовиќ долго време беа на работ од бездната, но „лавовите“ кога најмногу требаше потклекнаа и го испуштија пласманот меѓу осумте најдобри од своите раце губејќи со 31-29.
„Коцкастите“ ја надополнија негативата од Загреб и го кутнаа Рајн Некар Ловен кој беше меѓу петте фаворити за титулата во ЛШ.
Со елиминацијата на „лавовите“ заврши и евроавантурата на Борко Ристовски кој имаше успешна пролет на голот од германскиот бундеслигаш, a продолжи на Велко Марковски кој пак настапува за екипата на Загреб.
Во четвртфиналето Загреб ќе се сретне со францускиот гигант Пари Сент Жермен. Покрај овој дуел во 1/4 финалето силите ќе ги одмерат Вардар – Веспрем, Кил – Барселона и Киелце – Фленсзбург.
OhridNews