Со преостанатите осум натпревари од А-Г сегментот ќе се комплетира третото коло од Лигата на шампиони.

Актуелниот првак Интер на Џузепе Меаца ќе го пречека дебинтатот во Лигата – Тотенхем. За “нероазурите“ ова е одлична можност со триумф да го заверат првото место во групата. Македонскиот ас Горан Пандев поради повреда не е во составот на шпанецот Рафаел Бенитез. Холандскиот првак Твенте на домашен терен ќе вкрсти со германскиот преставник Вердер Бремен.


Двојки: Интер – Тотенхем, Твенте – Ведер Бремен

Табела:
1. Интер      4 бодови
2. Тотенхем 4
3. Твенте    1
4. Вердер    1

Милионскиот тим од Гелзеркирхен, Шалке 04 на домашен терен ќе има „лесна“ задача против Хапоел Тел Авив. Македонскиот стопер Бобан Грнчаров и неговите колеги во одбраната ќе бидат на испит да ги запрат нападите на офанзивците на германскиот преставник. “Лавовите“ по традиција на „Жерлан“ се немилосрдни кон своите противници, одличната серија во Лигата на шампиони ќе се обидат да ја продолжат совладувајќи ја Бенфика.


Двојки: Шалке 04 – Х. Тел Авив, Лион – Бенфика

Табела:
1. Лион           6 бодови
2. Бенфика      3
3. Шалке         3
4. Х. Тел Авив  0

Кризата во тимот на Манчестер Јунајтед е видлива, и на површина излегуваат сите проблеми од соблекувалната на “црвените ѓаволи“. Турскиот првак Бурса е повеќе од добра можност да се консолидираат пулените на Алекс Фергусон и да го покажат вистинското лице. Вториот натпревар од групата е помеѓу непоразениот Ренџерс и трето пласираната Валенсија.


Двојки: Мен Ју – Бурса, Ренџерс – Валенсија

Табела:
1. Мен Ју      4 бодови
2. Ренџерс    4
3. Валенсија  3
2. Бурса        0

Данскиот преставник Копенхаген има максимален ефект по двете одиграни кола, но во третото коло гостуваат на Ноу Камп кај Меси и “компанија“, додека рускиот Рубин гостува кај фенерџијата Панатинаикос.


Двојки: Барселона – Копенхаген, Панатинаикос – Рубин

Табела:
1. Копенхаген      6 бодови
2. Барселона       4
3. Рубин             1
4. Панатинаикос  0

Мх.П.