Киелце е третиот клуб кој обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на Шампиони. Полјаците во четвртфиналниот дуел го елиминираа фаворитот ПСЖ со вкупен резултат (60-59) и им се придружија на Веспрем и Барселона, кои, вчера го чекираа билетот за Ф4.
Ракометарите на ПСЖ предводени од Раул Гонзалес на клупата за влакно не успеаја да ја надополнат двоцифрената негатива од првиот меч (34-24) победувајќи со плус 9 (35-26) пред своите гледачи во реваншот мечот дуелот од четвртфиналето.
Во неколку моменти од натпреварот ПСЖ стигна до позитивен резултат но не успеа да го задржи кој ќе им донесеше сензационален пласман помеѓу најдобрите четири.
„Светците“ почнаа фуриозно и половина од негативата „стопија“ во почетните 15-тина минута од натпреварот. На полувремето, ПСЖ замина со плус 7 (18-11) и одлична шанса за пресврт. Домаќините ја стигнаа границата од 10 погодоци и дојдоа до водство од 11 погодоци (34-23). Но, полските ракометари со 3-0 серија намалија до 34-26, а ПСЖ немаше време за нов кам бек.
Натпреварот полн со пресврти и возбудувања треба да биде сериозна опомена за Вардар кој со осум погодоци предност ќе го започне реваншот со Пик Сегед. Мечот се игра во 19 часот, а подобриот ќе ги комплетира најдобрите четири на стариот континент.
OhridNews