Вечерва, со натпреварите Баерн Минхен – Пари Сент Жермен и Порто – Челси ќе се комплетира првата фаза од четвртфиналето во Лигата на Шампиони.

„Баварците“ во пресрет на двомечот со францускиот дрим тим ПСЖ се фаворити, но „светците“ горат од желба за одмазда за поразот во финалето од ланското издание на Лигата на Шампиони. Баерн Минхен не знае за доста, победува секого и секаде, но овој пат против себе ќе има екипа, составена од ултра квалитетни фудбалери. ПСЖ изгуби во Франција и направи чекор назад во борбата за титулата, затоа во ЛШ мора да се оствари добар резултат и да се наговести пласман во топ 4.

Двете екипи имаат големи проблеми околу играчките кадар. Баерн Минхен ќе ги нема на располагање Даглас Коста, Гнабри, Хофман, Левандовски, Рока, Тилиман и Толисо. Во тимот на ПСЖ ќе недостасуваат Бернат, Флоренци, Икарди, Курцава, Паредес и Верати.

Екипите на Порто и Челси на стадионот „Санчез Писхуан“ во Севиља ќе бијат битка за пласман во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Поради заострување на мерките и протоколите, двата меча од португалската-англиска пресметка ќе се одиграат во Севиља. Вечерва е домаќин е тимот на Порто, а на следниот ќе биде Челси.

Челси нема проблем со повредени фудбалери, а кај Порто ќе недостасуваат Коста, Маркано, Мбаје, Серхио Оливиера, Тареми.

  • Двојки:

Баерн Минхен – ПСЖ

Порто – Челси

OhridNews