Фудбалерите на Манчестер Сити затропаа на вратата од финалниот натпревар во Лигата на Шампиони, победувајќи го Пари Сент Жермен со 1-2 (1-0), во првата средба од полуфиналето одиграна на „Паркот на Принцовите“.
„Граѓаните“ победата и одличната предност во Париз ја обезбедија со мала доза на среќа и маестрална игра од тринаесеттина минути, од 64-та до 77-та минута. Во тој период, англичаните, успеаја да постигнат два погодоци и да останат со фудбалер повеќе, откако домашниот фудбалер Гана доби директен црвен картон.
„Светците“, пак, добро го отворија натпреварот и ја контролираа играта во текот на целото прво полувреме. Избраниците на Маурицио Почетино теренската иницијатива ја крунисаа со погодок на Маркињос и стигнаа до заслужено водство.
Се до 63-та минута кога Манчестер Сити изедначи, ПСЖ беше екипата што диктираше. Одбранбените фудбалери на ПСЖ не ја проценаа нафрлената топка на Кевин де Брујне, која заврши во мрежата и најави интересен финиш во Париз. „Граѓаните“ налетот го искористија за нов погодок, после само десет минути игра. Ријад Марез биеше прецизно од слободен удар и донесе водство за гостите. Пет минути подоцна Гана остро стартуваше над Илкај Гундоган и доби директен црвен картон.
ПСЖ неможеше да се соземе од шокот и Манчестер Сити ја задржа предноста, со што широко си ги отвори вратите за историски пласман во големото финале во ЛШ.
OhridNews