Вечерва, продолжуваат реванш натпреварите во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. На мегдан ќе излезат францускиот првак Пари Сент Жермен – Манчестер Јунајтед односно Порто – Рома.
ПСЖ на првиот меч на Олд Трафорд славеше со 2-0, но со оглед како помина синоќа Реал Мадрид на домашен терен против Ајакс, никој не смее да го отпише англискиот премиерлигаш. „Црвените ѓаволи“ се соочуваат со проблеми во составот поради повреда, додека и „светците“ нема да бидат комплетни и повторно ќе недостасува Нејмар, а за Кавани ќе одлучат докторите.
Португалскиот преставник Порто пред своите гледачи мора да победи со 1-0 или со два голови разлика за да обезбеди пласман во ТОП 8. „Волчицата“ на Олимпико во Рим победи со 2-1 и оствари минимална предност која може да биде многу голема во елиминациските мечеви.
Синоќа, први екипи кои се чекираа во 1/4 финалето беа Ајакс кој го елиминираше Реал Мадрид и Тотенхем кој го помина германскиот состав Борусија Дортмунд.
OhridNews