Групата Х од Е-Х сегментот, каде се наоѓаат англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, бундеслигашот Лајпциг, европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен и турскиот Башакшехир, се издвои како најинтересна и највозбудлива.
Бодовната разлика помеѓу четири екипи е три бодови, што значи, дека сите карти се отворени и секој бод е драгоцен во битката за првите две позиции. Манчестер Јунајтед и Пари Сент Жермен на домашен ќе имаат посебни мотиви против Башакшехир односно Лајпциг, бидејќи на претходните мечевите претрпеа порази.
Нема да биде ништо решено после четвртата рунда, но можат многу работи да бидат појасни. Мечевите до групата се играат во 21 часот.
Како важна информација во пресрет на вечерашните мечеви е ослабената Барселона во Киев на мегдан со Динамо. Каталонците отпатуваа без Лионел Меси, а поради повреда во комбинација не е ниту Жерард Пике.
Денешната програма ја отвораат натпреварите од Групата Е.
- Двојки:
Група Е: Краснодар – Севиља (18:55ч), Рен – Челси (18:55ч)
Табела: Челси 7, Севиља 7, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Борусија Дортмунд – Клуб Бриж (21ч), Лацио – Зенит (21ч)
Табела: Борусија Дортмунд 6, Лацио 5, Клуб Бриж 4, Зенит 1
Група Г: Динамо Киев – Барселона (21ч), Јувентус – Ференцварош (21ч)
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Динамо Киев 1, Ференцварош 1
Група Х: Манчестер Јунајтед – Башакшехир (21ч), ПСЖ – Лајпциг (21ч)
Табела: Манчестер Јунајтед 6, Лајпциг 6, ПСЖ 3, Башакшехир 3
OhridNews