Францускиот фудбалски првак Пари Сент Жермен соопшти дека ќе биде еден месец без услугите на бразилскиот напаѓач Нејмар поради повреда.
ПСЖ како гостин го совлада Каен со 1-0 во францускиот куп, а Бразилецот предвреме го напушти натпреварот поради повреда на адукторот на левата нога.
Поради повредата Нејмар со сигурност ќе го пропушти гостувањето на ПСЖ кај Барселона во вторник, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, но би можел да се врати на теренот за реваншот против каталонскиот клуб, што ќе се игра на „Паркот на принцовите“ на 10 март.
OhridNews