Најскапиот фудбалер и лидерот на екипата Нејмар не ќе може да му помогне на својот тим Пари Сент Жермен во првиот натпревар од 1/8 финалето против Манчестер Јунајтед.
Нејмар десното стапало го повреди на дуелот со Стразбур во францускиот Лига куп, а загрижувачките прогнози се остварија и Бразилецот нема да биде дел од тимот следниве три недели.
Првиот натпревар од осминафиналето се игра на 12 февруари на Олд Трафорд, додека реваншот во Париз на 6 март за кој се верува дека Нејмар ќе биде максимално подготвен.
Во пресрет на ждрепката направена на почетокот од декември месец минатата година ПСЖ беше изразит фаворит, но „црвените ѓаволи“ драстично ја подобрија формата после тренерската смена на Оле гунар Солскјаер со Жозе Мурињо и оваа средба исто така ќе биде од поинтересните за следење.
OhridNews