Од трите можни противнци екипата на Динамо Минск беше тајна желба на сите симпатизери на македонскиот преставник во ЛШ. Динамо групната фаза од Лигата на Шампиони ја заврши на третата позиција во групата Д.
Средбата во Лигата на Шампиони нема да е прва за Металург – Динамо Минск. Двете екипи ги одмерија силите во финалето на струшкиот ракометен турнир 2012 година, во кое триумфираше македонскиот првак.
Од истата група Д противник во 1/8 финалето доби и Атлетико Мадрид каде настапува капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров. Пречка за пласман за пласман во четвртфиналето им е Фуксе Берлин.
Првите натпреварите се играат од 13-17 март додека реванш дуелите се играат од 20-24 март.
Осминафиналните двојки во Лигата на Шампиони : Силкерборг – Барселона, Адемар Леон – Веспрем, Сегед – Киелце, Целје – Хамбург, Кил – Чеховски Медведи, Атлетико –Берлин, Динамо Минск – Металург.