Македонскиот преставник на завршницата од фајнлфорот во Лигата на Шампиони, Вардар не успеа да пласира во финалето откако претрпе пораз од Будуќност 22-20.

Кобни за избраничките на Индира Кастратовиќ беа дополнителни десет минути во кои заостанаа со два погодоци.

„Црвено црните“ одиграа сосема разлилни полувремиња. Во првото беа непропознатливи постигнувајќи само шест погодоци, а во второто на исто толку ги задржаа противничките.

Во играта на нерви во продолжението пресуди искуството на црногорските ракометарки кои и најмалите ситници ги користаа во своја полза.

Во финалето Будуќност ќе се сретне со „домаќинот“ Ѓер, кој во 1/2 финалето го совлада Митјеланд. Данскиот првак и македонскиот ќе се борат за бронзенето одличје.

Мх.П.